Априлијада „Скопје се смее“ на плоштадот Македонија

434

Голема детска журка „Априлијада 2018-Скопје се смее“  по повод 1 Април – Денот на шегата ќе се одржи денеска од 11 до 13 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

За забавата со маски, балони, песнички и игри се задолжени  секцијата за модерен балет и  фолклорната секција на Детскиот културен центар „Карпош“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.

Манифестацијата, во организација на ДКЦ Карпош, ја финансира Град Скопје, а според најавата ќе ја отвори градоначалникот Петре Шилегов

По детската журка на плоштадот „Македонија“ од 20 до 23:30 часот ќе има првоаприлска ноќна забава со настапи на ВИС АМАНЕТ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Александар Митевски, трио “Шербет“, Елита Зибери, група – „Live  Band”,DJ Ampov,,,,,.

По повод 1 Април, Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава отвори конкурси за основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им бидат доделени награди и дипломи.

Во вечерниот дел на манифестацијата на бината ќе продефилираат со групни маски ученици од средни училишта од Скопје и околината, а за најдобрата групна маска следува вредна награда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.