Басара: Накриво и згрчено

124

Коментирајќи ги великокасабските избори на сајтот Пешќаник, Дејан Илиќ во само две реченици ги сумираше сите наши – до половина мегаломански, од половина просјачки – историски падови и талкања.

– Луѓето знаат дека нелегитимниот претседател на Србија лаже – вели Илиќ, „и гласаат за него, бидејќи немаат проблем со тоа некој да ги лаже. Тие немаат проблем со тоа некој да ги узурпира сите ресурси во државата во приватни, себични цели, се додека постои надеж дека ќе дојде и до нив, ако не парче, тогаш барем трошки од тој колач“.

Горенаведеното (со ретки и се поретки исклучоци), пишува Светислав Басара во коментарот во Данас, се однесува и на Првата и Втората и за небесната и за земната Србија, која накриво се родила од масните селско-романтичарски лаги и во какво-такво постоење се одржувала (и се одржува) со политиката на сељачкиот макијавелизм, кој во светот, каков што е, има се полош пласман.

Да повторам по кој знае кој пат: таквата состојба на работите нема врска со никаква судбина, со било какава „вроденост“, со никаква „посебност“ и „менталитет“, но факт е дека оди на рака на најгрдите човечки особини, така што некој ќе помисли дека на Србите од година во година им е се полошо, но не е така, работата е уште полоша; Србите остануваат вечно исти – аритметички збир на поединци лабаво поврзани со некоја од владејачките халуциногени параполитички митологии, а длабоко разединети во егзистенцијалната борба за парчињата и трошките од колачот за кој пишува Дејан.

Бидејќи ако се Срби, освен што се единствени во српството, плус и единствени и во општествената солидарност, со текот на времето би развиле имунитет кој од јавниот живот во старт би ги дисквалификувал беззаконието и неранимајковците.

Беззаконието и неранимајковците се подразбира не би биле искоренети, како такви, но во подобри општествени околности би било невозможно некој висок функционер за гревовите од младоста да се „вади“ со пожар во Хиландар, и парадржавен крадец да изјавува дека на јавноста ќе ѝ ги даде сметките само „кога Косово повторно ќе биде српско“.

Горниот текст беше вовед во приказната за причините за падот на Демократската партија (но и на Србија). Да се потсетиме. ДС своевремено ја доби поддршката на т.н. народ, кому за тоа секоја чест, која беше ништо помалку од оваа што денес ја ужива Ел Супремо, токму на политиката на Ѓинѓиќ која се базираше на нелажење, немастење, рационализација и претварање на сатрапскиот вид на владеење во модерна државна управа.

Меѓутоа Ѓинѓиќевите наследници, сепак, малку по малку почнаа да размислуваат дека така многу ќе се наработат, но нема да се обогатат, па прво национално се помирија со лажговците и крадците, а набргу потоа и самите почнаа да лажат, крадат и мастат. Народот тоа го забележа, па ги „казни“ така што на изборите ги избрка од власт, а на власт ги донесе тие кое го прават сето тоа побрзо, посилно и подобро.

Незгодата е во тоа што во некој мутлак својот момент го чекаат уште побрзите, посилните и подобрите.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.