Брена потрошила 70.000 евра за роденденот на синот!

На прославата поканиле стотина гости, а славењето траело до утринските часови. Мајката одлучила да го изненади синот и со мошне скап подарок, автомобил Ауди РС3 спортбек.

369

За да му направи на својот миленик „забава за памтење“, фолк дивата Лепа Брена (57) организирала гламурозна прослава во нивната вила. Пејачката за 20-тиот роденден на својот син Виктор издвоила вртоглави 70.000 евра, пишуваат српските медиуми.

– Брена ги воспитуваше своите синови Стефан и Виктор да не бидат арогантни и секогаш да го почитуваат она што го имаат. Тие секогаш имале добар џепарлак, но никогаш не им беше дозволено да се расфрлаат. Често сметаа дека нивната мајка претерува и дека би можела да им дозволи малку повеќе да се опуштат, но таа во некои ситуации беше непопустлива и тоа се исплатило. И Стефан и Виктор се чесни и вредни, Стефан дипломираше и гради пејачка кариера, а Виктор студира и на пат е да се вклучи во семејниот бизнис, така што Брена заклучи дека може понекогаш да ги награди со луксуз, а Бобо се согласи со неа – рекол пријател на семејството Живоиновиќ за српски „Курир“.

На прославата поканиле стотина гости, а славењето траело до утринските часови. Мајката одлучила да го изненади синот и со мошне скап подарок, автомобил Ауди РС3 спортбек.

Пејачката не била присутна на прославата, бидејќи во моментот се наоѓа на турнеја во Америка.

– Брена во моментот со Стефан е на турнеја во Америка, така што двајцата не можеа да присуствуваат на прославата, но затоа се потруди се да биде на ниво. За роденденот издвои дури 75.000 евра, а речиси се отиде на храната и пијалакот. Семејството Живоиновиќ сака кога нивните гости имаат комплетно уживање, така што се потрудија гозбата да биде богата, а менито го креираше Бобо, додека изборот на пијалакот беше како во најдобрите ресторани – додал извот близок на пејачката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.