Велика Британија: Предлогот на Русија за Скрипал е перверзен

- Предлогот на Русија за заедничка истрага за инцидентот во Солзбери е перверзен, тоа е тактизирање - категорични се британските претставници на ОЗХО.

100

Велика Британија го опиша како перверзен предлогот на Руската Федерација за заедничка истрага во врска со труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, пренесува Макфакс.

– Предлогот на Русија за заедничка истрага за инцидентот во Солзбери е перверзен, тоа е тактизирање – категорични се британските претставници на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО). Оттаму додаваат дека на овој начин Москва се обидува да ги избегне прашањата на кои руските власти треба да одговорат.

Организацијата за забрана на хемиското оружје денеска вонредно заседава за случајот со труењето на Скрипал, што се случи пред еден месец, по барање на Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.