„Вог“ одлучи да се ослободи од Ана Винтур и да ја замени со маж?!

Ана Винтур (68) е една од најмоќните жени во модниот бизнис, а на позицијата главна уредничка на американскиот магазин „Вог“ дошла пред неверојатни 30 години.

149

Ако е некој кралица на модата, тогаш тоа е оваа жена. Иако за неа со години се зборува се и сешто, Ана Винтур (68) е една од најмоќните жени во модниот бизнис, а на позицијата главна уредничка на американскиот магазин „Вог“ дошла пред неверојатни 30 години.

Но, како што се шпекулира, Ана планира да замине од тоа место ова лето, иако медиумската компанија „Конде наст“ под која се наоѓа „Вог“ остро ги негирала сите гласини. Иако многубројни извори инсистираат на тоа дека дошол крајот на владеењето на Ана, и иако компанијата ги отфрли галсините, тоа не ги запре понатамошните шпекулации во јавноста.

Освен гласините за заминувањето на Ана од „модната Библија“, како што го нарекуваат „Вог“, се појавија и оние за нејзината замена. Извори тврдат дека на нејзиното место наскоро би можел да седне 46-годишниот Едвард Енинфул, и покрај фактот дека неодамна стана главен уредник на британското издание на „Вог“, кој на таа позиција ја замени Александра Шулман по 25 години.

Едвард оваа престижна титула ја презема во април 2017 година, откако искуството го стекнал со уредување на магазините „и-Д“ и „В магазин“, а веќе со првата насловна страница покажа дека сериозно ја сфатил својата нова работа.

Со ставањето на не-белата и проблематична британска манекенка Адвоа Абоа на насловната страница, Едвард покажа дека не мисли да молчи за проблемите на расната дискриминација во модниот свет, што светот го дочека со воодушевување.
Една од неговите најдобри пријателки е светскиот топмодел Наоми Кемпбел.

Покрај тоа, Едвард има и голема листа на славни пријатели поради што е многу влијателен, па неговиот избор нималку не чуди, како ниту фактот дека големата Ана би можел да ја замени таква личност.

Ана наводно би требало да ја напушти оваа позиција по венчавката на својата ќерка Би Шафер (30) која во јули ќе се омажи за режисерот Франческо Карозини, синот на починатата уредничка на италијанскиот „Вог“ и блиска пријателка на Ана, Франка Созани.

Во текот на својата кариера Ана го промени светот на модните едиторијали, а им помогна и на големите имиња како Марк Џејкобс и Александар Меквин да се пробијат.

Ана Винтур ја носи титулата на најуспешната уредничка на „Вог“ на сите времиња поради одличната продажба.

Ана Винтур е главен и одговорен уредник на американското издание на „Вог“, позиција на која е уште од 1988 година. Со нејзиниот заштитен знак кратката „боб“ фризура и очилата за сонце, Винтур стана институција во светот на модата, насекаде возвишувана поради нејзиното чувство за модни трендови и поддршката на млади дизајнери. Нејзината наводна резервираност и тежок карактер и го наметнаа прекарот „Нуклеарна Винтур“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.