Грчката држава ќе одземе имот на шест од десет грчки должници

199

Грчката држава безмилосно ги собира неплатените даноци на граѓаните.
Шест од десет должници на грчката држава ќе ги изгубат нивните домови  или банкарски сметки затоа што бројот на Грци со неподмирени долгови достигнал до 1.067.857, пишува Филип Лрисопулос за Катимерини.

Независното тело за Јавни приходи презема драстични мерки од почетокот на годината, со цел да се соберат долговите кон државата што се натрупуваат. Индикативно е дека на почетокот на 2018 година вкупниот долг се зголемил за 766 милиони евра, од кои 693 милиони биле неплатени даноци, па вкупниот долг сега надмина 101 милијарда евра.

Вкупно 4.107.135 Грци кои не платиле даноци на државата се договориле да ги вратат долговите на рати.

Недвижни имоти и банкарски сметки се запленети во обид да се зголеми приходот на земјата. Имотите се продаваат по нивна комерцијална вредност, додека левичарските групи протестираат пред нотарските канцеларии и се судираат со полицијата.

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.