Дали црното семе е навистина лек за сѐ, па дури и за рак?

Во стар Египет црното семе се нарекувало „благословеното семе“. Исто така, се верува дека пророкот Мухамед кажал дека црното семе е лек за сите болести, освен за смртта. Познато е и како црн сусам, црн кумин или црн ким и е еден од најлековитите продукти што ни ги дала природата.

1926

Најраните списи кадешто се споменува билката Nigella sativa, односно нејзиното семе, се од стариот Египет. Најдено е во гробницата на Тутанкамон уште пред околу 3.300 години. Во арапската култура е нарекувано благословено семе. Интересно е тоа што исламскиот пророк Мухамед рекол за црното семе дека е лек за сите болести освен за смртта. А познатиот грчки лекар Хипократ го користел за лекување на оние кои имале пореметување во метаболизмот и варењето. И традиционалната кинеска медицина повеќе од илјада години го препорачува за многу болести. Почнувајќи од дијабетес, преку пореметувања во варењето, па сѐ до рак.

Благодарение на биолошките испитувања, многу негови дејствија биле потврдени кај луѓе кои боледувале од одредени болести.

Во многу западноевропски земји се направени повеќе студии и истражувања кои докажуваат дека маслото Nigela Sativa е природна материја со богата прехранбена вредност, минерали, амино киселини, со голема способност за поддржување на системот за имунитет, како и за лекување на многу болести. Современите научни истражувања потврдија дека црното семе е златен рудник на здравје. Според денешните сознанија, црното семе може да излекува и фатални болести, како што се ракот и сидата.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.