Десет најсмешни телевизиски ликови

Мала е разликата меѓу Грифин и Ерик Картмен од „Саут Парк", кој се најде на второто место.

214

Порталот Ранкер објави анкета за најсмешни ТВ ликови, на која првото место му припадна на Питер Грифин од цртаниот филм „Семеен човек”.

Сепак, мала е разликата меѓу Грифин и Ерик Картмен од „Саут Парк”, кој се најде на второто место.

На трето место е бебето Стиви Грифин, исто така од „Семеен човек”, додека пак, Хомер Симпсон е едно место подолу.

За неанимираните херои, се чини, нема место на врвот на листата, па така, Шелдон Купер од ТВ серијата „Бубалици“ заврши на петтото место.

По него следуваат Фил Данфи од „Модерно семејство”, детективот Џејк Пералта („Бруклин 9-9″). Стерлинг Арчер („Арчер”), Чарли Кели („Секогаш е сончево во Филаделфија”), и на десетто место се наоѓа Реј Холт од „Бруклин 9-9″.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.