Долгот за сметки за вода може да се плати на 24 рати без камата

Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

88

Од денеска до 15 мај корисниците на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање, информираат од претпријатието.

Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

„Ги повикуваме граѓаните на Град Скопје кои имаат заостанат долг, да ја искористат оваа можност за подмирување на долгот на рати и без камати“, соопшти „Водовод и канализација“.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.