Ед Ширан негира дека ја украл песната „The Rest Of Our Life“

Ширан во своја одбрана тврди дека песната за којашто е наведен како коавтор е „оригинална и независно создадена композиција“, и дека тужбата е неоснована.

130

Британскиот поп-пејач Ед Ширан го негираше обвинението дека ја украл песната „The Rest Of Our Life“, која ја изведоа Тим Мекгро и Фејт Хил, од австралиски автори.

Австралијците Шон Кери и Бју Голден во јануари покренаа тужба против Ширан, Мекгро и Хил, велејќи композицијата „The Rest Of Our Life“ е „во целост ископирана“ од нивната „When I Found You“ која датира од 2014 година.

Ширан во своја одбрана тврди дека песната за којашто е наведен како коавтор е „оригинална и независно создадена композиција“, и дека тужбата е неоснована.

Притоа, тој побара процесот кој се води во суд во Њујорк, да биде прекинат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.