Епското патување на Надја Команечи

949

Пстои една гимнастичарка чие име е запишано на врвот на листата на гимнастичари, тоа е Надја Команечи со нејзината истриска оценка 10 за изведбата на Олимписките игри во Монтреал.

Многумина од нас одеа на часови по гимнастика кога беа деца, но ја пакувавме спортската облека како што растевме, а животот продолжуваше, пишува Џејми Ли за simpleblitz.

Сепак, постојат некои спортисти кои остануваат врзани за својот спорт до крајот на животот. Тие живеат и го дишат спортот, тие имаат вистинска страст за него, и го практикуваат секој ден. Се сеќаваме на Симон Билс, Меккајка Марони, Мери Лу Ретон, Кети Ригби, Светлана Коркина, Бет Твидл, Олга Корбут и многу други. Денес, гимнастичарите аматери од целиот свет се угледаат на овие познати ликови, но сепак, постои една гимнастичарка чие име го пропуштивме на оваа листа, Надја Команечи.

Во текот на историјата, поранешниот Советски Сојуз докажа дека е сила на која треба да се смета во светот на гимнастиката. Во текот на 70-тите и 80-тите години, источноевропските земји внимаваа на лицата кои би можеле да ја претставуваат нацијата и да предизвикаат гордост меѓу кај граѓаните. Поради тоа, наскоро светот беше запознаен со една млада девојка од Романија, Надја Команечи, гимнастичарката што ја промени историјата, бидејќи таа беше девојката која ја постигна совршената оценка 10.

Нејзините рани години
Надја Команечи е родена на 12 ноември 1961 во Онести, мал град во Романија опкружен со Карпатите. Таткото на Надја бил механичар, нејзината мајка била домаќинка, а тука бил и помладиот брат. Надја растела во среќна и здрава животна средина. Таа од мали нозе била предодредена да биде спортистка – затоа нејзината мајка ја одведела на часови по гимнастика.

Горлива страст
надја имала природен ритам, совршено тело за овој спорт, флексибилна, и сè се чинело толку лесно. На 6-годишна возраст Надја поседувала голема страст за спортот и би го потрошила целото свое слободно време да прави колути, стој на раце и т.н.

Создадена за гимнастика
За време на еден училишен одмор Надја била забележана од Бела Кароли, еден од најуспешните тренери во Романија кој барал нови таленти. Тој веднаш бил импресиониран од нејзината природна дарба за спортот и побарал од неа да работи со него. Така почнува нивната соработка и по неколку месеци таа веќе учествувала на првиота натпревар каде завршила на 13-то место.

Таа се префрлила во државното училиште за гимнастика, каде ќе тренира осум часа на ден, секој ден во неделата. Надја наскоро станала една од најдобрите гимнастичарки во земјата и на само 13-годишна возраст отпатувала во Њујорк каде што се натпреварувала во Американскиот куп. Таму за првпат се сретнала со Барт Конер, машки гимнастичар од Америка.

Посета на Монтреал
Само неколку месеци по доминацијата на Американскиот куп, 14-годишната гимнастичарка отишла на Олимписките игри во Монтреал во 1976. Надја сонувала да учествува за тој натшревар.

Совршената 10
Надја го даде најдоброто од себе во секој настап на Олимписките игри. Всушност, Надја доби „совршена оценка“ 10 за шест изведби, нешто до тогаш нечуено во светот на гимнастиката. Таа го напушти Монтреал со три златни медали и неверојатното чувство наа достигнувањето.

Родена е ѕвездата
По триумфот во Монтреал, Надја која стана светска ѕвезда се вратила тивко дома во Романија и верувала дека ќе продолжи со својот обичен живот со семејството, пријателите и нејзиниот трениинг. БиБиСи ја крунисал за спортска личност на годината, а Асошиетед прес ја именувал за своја женска спортистка на годината, и таа стана најголемата вредност на Романија. За да го награди својот талент, романската влада доделила на семејството едномесечен одмор и нов автомобил.

Пресвртница
Но нејзиниот живот тргнал на лошо само неколку месеци по враќањето од Монтреал. Родители се развеле, а романската влада ја принудувала да земе друг тренер, наместо Бела Кароли.

Обид за самоубиство
На само 15-годишна возраст, таа се подлабоко имала чувство на осаменост и изолација. Во обид да си го одземе животот, Надја испила избелувач. За среќа, била пронајдена на време, и однесена во болница. Сепак, животот не станувал полесен за романската суперѕвезда.

Олимписки игри во Москва 1980
Четири години по нејзината неверојатна победа на Олимписките игри во Монтреал, Надја Команечи се натпреварувала на Олимпијадата во Москва во 1980. Сепак, по сета драма и борба во нејзиниот живот, таа не била во нејзината вообичаена форма.

Турнеја
Романската влада сѐ уште имала намера да ја искористи Надја како нивна девојка од насловна страна и сфатила дека може да заработува пари од искористување на талентот на младата девојка. Во 1981, формирала „турнеја Надја“ која ќе ги носи Надја и членовите на тимот низ целиот свет а обожавателите плаќале сакапи билети за да го видат својот идол. Владата заработила 250.000 долари, а Надја само 1.000 долари.

Тимот отпатувал за САД, а Бела и неговата сопруга одлучиле да пребегнат и да бараат политички азил во Америка.

Надја била девастирана кога дознала за тоа. Таа се вратила сама во Романија. Бпребегнувањето претставувало необична закана за романската влада и таа ѝ забранила да ја напушти земјата, го прислушувала нејзиниот телефон, ја проверувала поштата, ја следела.

Средба
На државен натпревар во 1987 година Надаја го запознала Константин Панаит на забава. Тој ѝ открил дека претходно ја напуштил Романија и понудил да ѝ помогне да избега од Романија, а таа се согласила.

Пат во бегство
Само неколку недели подоцна, Надја и пет други романски пребези по инструкциите на Панаит пливале по реката Дунав и потоа оделе со километри пред да стигнат до границата со Унгарија. Бидејќи била позната личност, Надја била пуштена во Унгарија, а подоцна ѝ било дозволено да влезе во Австрија, а американската Амбасада ѝ понудила политички азил и директен еднонасочен лет за Њујорк.

Чувство на осаменост
Но, новиот живот на Надја не бил она што таа го очекувала. Таа продолжила да се чувствува осамена и изолирана, иако тука биле пријателите и пријателот од гимнастиката, Барт Конер. Панаит ја држел како заложник и не ја пуштал да контактира со никого.

Требало да ѝ се помогне
Надја Команечи се доверила на близок пријател, Александру Стефу, што навистина се случувало. Но пред да Стефу да реагира кај властите за да и’ се помогне, Панаит избегал со 150.000 долари личните пари на Надја. Тоа биле сите пари што таа ги имала.

Нова врска
Надја почнала да тренира повторно и да го враќа животот на вистинскиот пат, се сетила дека го има телефонскиот број на Барт Конер, кој живеел во Оклахома во тоа време. Одлучила да му се јави, а подоцна Барт ја замолил Надја да се пресели во Оклахома и заедно да формираат училиште за гимнастика – таа ја прифатила понудата.

Вистинска врска
Двајцата започнале нов бизнис, а во 1994 Барт ја побарал за жена, но Надја сакала да се омажи во својот дом во Романија.

Комунистичко владеење
Поради комунистичкото владеење, немало шанси да се венчаат во Романија. Но откако комунистичката влада била соборена, Надја и Барт добиле можност да стапат во брак во романскиот парламент, и тие направиле убава свадба, поздравени од 10.000 романски државјани.


Академија за гимнастика
Со новиот живот во САД и новиот сопруг, Надја била навистина најсреќна и најздрава од било кога. Таа вежбала секој ден но веќе не се натпреварувала. Секоја година, двојката е преплавена со барања за тренирање во нивниот центар.

Нејзиното мало семејство
Надја Команечи има уште една важна личност во нејзиниот живот – нејзиниот син. Во 2006, Барт и Надја го добија синот Дилан на 45 години, кој е нивен приоритет во животот.

Бизнис
Еден од нивните профитабилни бизниси е нивната онлајн продавница, Grips, Etc. Оваа онлајн продавница продава се што е потребно за професионално бавење со гимнастика.

А ако некогаш сте гледале натпревари во гимнастика на телевизија, многу е веројатно е дека реквизитите што ги гледате се произведени од Perfect 10 Productions – продукциска компанија во сопственост на Надја и Барт поврзана со главните спортски канали, ESPN и Fox Sports.

Нето вредност
Иако нејзиниот живот бил полн со подеми и падови, таа сега е неверојатно богата, нето вредноста на Надја моментално изнесува околу 10 милиони долари..

Погон за победа

Кога ќе ja погледнеме приказната на Надја Команечи тешко е да се разбере како таа успеа да ја задржи страста и да продолжи со гимнастиката по толку лични и политички прашања околу нејзината кариера за на крајот да го има среќен живот.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.