Земјоделците и откупувачите договорија цена за зелката

Откупната цената на зелката да се движи од 25 до 20 денари за килограм во зависност од тоа како ќе се движи цената на светските пазари.

183

Земјоделците и откупувачите на денешната средба во Струмица се договорија откупната цената на зелката да се движи од 25 до 20 денари за килограм во зависност од тоа како ќе се движи цената на светските пазари. Земјоделците ветија дека нема да протестираат.

На средбата присуствуваа и претставници на Владата и Министерството за земјоделство.

Како што сооопштија од Министерството за земјодлество, договорено е и да се формира Работна група составена од претставници од земјоделците, откупувачите и од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

Оваа работна група ќе го следи откупот не само на зелката туку и на останатите земјоделски производи од струмичкиот регион, со цел постигнување на договор од заеднички интерес за двете страни.

Земјоделците и откупувачите, се согласни дека нивниот однос мора да биде партнерски, односно заеднички да се договараат од моментот на садење на производот до неговиот откуп и продажба, следење на откупните цени на светските пазари, се со цел да нема манипулации со откупните цени.

На првиот состанок на работната група, земјоделците, откупувачите и ќе ги договараат за количините на пролетна зелка за откуп како и откупната цена.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и во следниот период континуирано ќе ја следи состојбата со откупот на зелката и откупната цена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.