Извлечени четвртфиналните групи од ракометниот Куп на Македонија

Бранителот на трофејот Вардар се најде во Група 1 заедно со екипите на Борец, Металург 2 и Металург јуниор.

41

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска со жрепка беа одредени групите за четвртфиналната фаза.

Бранителот на трофејот Вардар се најде во Група 1 заедно со екипите на Борец, Металург 2 и Металург јуниор.

Четвртфинални групи за националниот ракометен куп:

Група 1 – домаќин Вардар
Металург 2 – Вардар
Борец – Металург јуниор

Група 2 – домаќин Еурофарм Работник
Струга – Радовиш
Прилеп – Еурофарм Работник

Група 3 –
Бутел – Охрид
Делчево Вардар – Пелистер

Група 4 – домаќин Металург
Металург – Вардар јуниор
Пролет – Вардар Неготино

Натпреварите е предвидено да се играат на 21 и 22 април. Финалниот турнир од купот е закажан за периодот од 18 до 20 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.