Индија: Мајмун грабнал бебе и го фрлил во бунар

Полицијата истакнала дека ова е „многу редок случај“ и изразила надеж дека наскоро ќе го фатат мајмунот.

427

Индиската полиција трага по мајмун кој наводно украл бебе од една куќа, а чие безживотно тело подоцна е најдено во бунар во источната индиска држава Ориса.

Мајката на покојното бебе изјавила дека видела се, но дека не можела да го спаси синчето. Подоцна телото на бебето е најдено во бунар зад куќата, еден ден откако детето било грабнато од мајмунот. Лекар констатирал дека нема сериозни повреди на телото и дека најверојатно бебето се удавило.

Полицијата истакнала дека ова е „многу редок случај“ и изразила надеж дека наскоро ќе го фатат мајмунот. Од локалната полиција додале дека често се случува мајмуни да нападнат луѓе и да влегуваат по домови во потрага по храна, но дека ова е првпат такво животно да грабне бебе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.