Клинт Иствуд е најкул актер на сите времиња

364

Холивудската ѕвезда Клинт Иствуд е најкул актер на сите времиња, покажа анкетата на интернет-страницата „Ранкер“.

Иствуд одигра низа култни улоги, а речениците што ги изговори во филмските остварувања се паметат и се цитираат. Иствуд придонесе во повеќе од 50 филмови во кариерата, како актер, режисер, продуцент и композитор. Глумеше и во неколку телевизиски серии. Претежно глуми во вестерн и акциски филмови и драми.
На втората позиција на листата на најкул актери се најде Том Хенкс, додека на трето место е Стив Меквин.

Во првите десет влегоа и Пол Њуман, Џејмс Дин, Џек Николсон, Шон Конери, Харисон Форд, Робер де Ниро и Џон Вејн.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.