Конкурс на ДПМ за доделување на наградата „Даница Ручигај“

28

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-член на ДПМ.

Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од мај 2017 до крајот на април годинава. Книгите до ДПМ авторките и издавачите треба да ги достават во четири примероци најдоцна до 30 април.

Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото во јуни. Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките во ДПМ кој го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај.

Одлуката за формирање на Клубот беше донесена по повод 80-годишнината од раѓањето на Даница Ручигај која животот трагично го загуби на 29-годишна возраст во скопскиот земјотрес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.