Косовскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

191

Министерот за внатрешни работи на Косово, Фламур Сефај денеска поднесе оставка од фунцијата, како што претходно беше најавено.

Сефај го информирал Харадинај за деталите и неговата вмешаност во апењето и депортацијата на шесте турски државјани.

Во исто време, приштинските медиуми објавија дека косовскиот претседател Хашим Тачи е против разрешувањето на директорот на Косовската разузнавачка служба Дритон Гаши.

Според косовските медиуми Тачи цврсто одлучил дека, доколку Гаши биде сменет, тој ќе отпушти неколку лица од Косовската разузнавачка служба.

Одлуката за смена на директорот на косовската разузнавачка агенција не може да биде уважена без потпис на Тачи.

Разрешување на Сефај и на Гаши беа побарано од косовски премиер Рамуш Харадинај поради нивната вмешаност во тајното апсење и депортацијата на шест турски граѓани во Косово, припадници на движењето ФАТО, предводено од верскиот водач во егзил Фетулах Ѓулен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.