Крим – тоа е Украина

Ја повикуваме Русија да ги прекине своите обиди да ги потисне основните слободи на изразување, мирно собирање и здружување и религија или верување.

399

Пред четири години Русија одржа нелегален, фабрикуван „референдум во Украина со цел на залуден обид да ја легитимизира својата идна анексија на украинската територија. Жителите на Крим биле приморани да гласаат под нишан на тешко вооружените руски војници. На изјавите на Русија, за тоа дека Украинците направиле слободен избор на тој срамен референдум, секогаш им фалеше доверба.

На својот предизборен митинг на Крим претседателот Путин одново ги повторуваше лажните тврдења на Русија за украинската територија во уште едно отворено признавање на тоа дека руската влада го пренебрегнува меѓународниот поредок и не го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на државите.

Со оглед на изјавата на Путин, важно е да се обрати внимание на незаконитоста на одржаниот референдум, а исто така на грубите повреди на човековите права, кои руската влада ги прави во однос на населението на Крим. Во текот на последните четири години Русија спроведува кампања на принуда и насилство против оние кои се противат на обидот за анексија. Руската окупаторска власт врши во однос на кримските татари, етничките Украинци, проукраинските активисти, членови на граѓанското општество и независните новинари политички мотивирани прогони и постојана репресија, а исто така, методично ги потиснува невладините организации и независните средства за јавно информирање.

Стоиме зад тие храбри луѓе, кои продолжуваат да се изразуваат за овие злоупотреби, и ние ја повикуваме Русија да ги прекине своите обиди да ги потисне основните слободи на изразување, мирно собирање и здружување и религија или верување.

Ја потврдуваме нашата приврзаност за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на меѓународно признатите граници. Крим е дел на Украина и нашите кримски санкции ќе останат во сила, додека Русија не ја врати контролата над полуостровот во Украина.

(Гизер Нојерт, прес-служба на Стејт департмент, Вашингтон, 14 март 2018 г.)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.