Левиот популизам во акција!

Г-динe Заев со особено внимание ја следам темата поврзана со даноците и даночната политика на владата предводена од Вас. За жал, можам да констатирам дека и Вие полека, но сигурно почнувате да се лизгате по левичарскиот попупилизам кој беше основна алатка за градење политика и носење на политички решенија на Вашиот претходник, господинот Никола Груевски.

316

Г-динe Заев со особено внимание ја следам темата поврзана со даноците и даночната политика на владата предводена од Вас. За жал, можам да констатирам дека и Вие полека, но сигурно почнувате да се лизгате по левичарскиот попупилизам кој беше основна алатка за градење политика и носење на политички решенија на Вашиот претходник, господинот Никола Груевски.

Би издвоил само дел од неговите популистички решенија кои недвосмислено ми наликуваат на решението предложено од Вашиот министер Тевдовски зад кое, за жал застанавте и Вие. Бесплатно скијање на пензионерите, бесплатен градски превоз итн…

Како човек, кој во суштина ја изучувал и анализирал десничарската даночна политика, Ве уверувам Вас, но и моите сограѓани врз кои ќе се натоварат како дополнителна тежина популистичките мерки, дека нема ништо бесплатно на светот. Секое нешто треба да се плати, за жал кога станува збор за јавни трошоци, нив ги плаќаат граѓаните преку даноци. Повеќе од јасно е дека 10% од 100 000 денари и 10% од 10 000 не е ист данок, така велат правилата на математиката.

Не е моја работа како председател на десен политички субјект да Ви укажувам како би можеле да спроведете прогресивно оданочување кое е класика на левиот популизам, но ќе морам да го направам затоа што тргнувате по слепа улица.

ГДУ е јасна опозиција и алтернатива на левичарскиот популизам на Вашата влада и вашите претходници од ДПМНЕ, кои иако глумат десница воопшто и не разбираат што е десно од центарот, што лесно може да се види од немањето на став за даночната политика и молчаливата поддршка на овие леви популистички решенија. Кого всушност ќе засегнете со мерката?

Тоа се оние малку способни луѓе кои се добро образовани и квалитетни за кои има работа насекаде во светот, но тие решиле да останат овде во Македонија и да ја градат својата и иднината на своите деца овде. Ќе ги споменам ИТ специјалистите, кои уште утре можат да си ги спакуваат куферите и да не поздрават од некоја европска метропола. Затоа најдобронамерно Ви укажувам дека, иако длабоко не верувам во таа левичарска филозофија, ака сакате да си го наполните буџетот, што сами определувате како да се троши, не го оданочувајте трудот, прогресивно оданочете го капиталот. Помислете за прогресивно оданочување кај данокот на печалба, данокот на имот и слични мерки. И тие мерки се популистички, но кога веќе сте тргнале во таа насока ова е некако поразумно и пологично. Ние од ГДУ веруваме дека за да ни се побогати граѓаните, владите треда да бидат посиромашни. Потребна е анализа, реорганизација и намалување на непродуктивните јавни трошоци за нелогични проекти, преполнетата јавна администрација и невоспитаните пратеници и министри кои за жал повеќе ги сакаат фискалните сметки од патарини и разни ресторани, отколку нивните соседи ИТ специалисти кои веќе ги споменав.

авторот е претседател на ГДУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.