Македонски Телеком oтвори инкубатор за дигитални таленти

Студентите се областа на ИТ, телекомуникаците и е-бизност, се избрани од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Економскиот факултет.

117

Во инкубатор за дигитални таленти, што го отвори денеска Македонски телеком, 20-ина студенти ќе развиваат апликации за дигитална трансформација.

Студентите се областа на ИТ, телекомуникаците и е-бизност, се избрани од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Економскиот факултет.

Од Македонски Телеком велат дека бројката на тимот во дигиталниот инкубатор во иднина ќе се зголеми, а најдобрите ќе може да се вработат и да стекнат меѓународно искуство.

– Ова ново партнерство е „win win“ комбинација за двете страни – ние како корпорација добивме свежи и нови идеи, а студентите стратешки партнер за развој на нивните идсеи и професионален потенција. работиме на откривање професионалци ,ги охрабруваме на иновативен пристап во работењето, а ваквиот бизнис модел очекуваме да донесе позитивни резултати – изјави на промоцијата на бизнис инкубаторот Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Апликациите кои ги создаваат студентите треба да придоенсат за поедноставување на работните процеси во телеком, а се очекува со тек на време со таквиот начин на работа да се трансформираат и продуктите и услугите на компанијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.