Малата Медлин нема никогаш да ја пронајдат

Бунари Колин Сатон тврди дека трупот на малата Меди може да биде закопан во некој од 600-те древни бунари во португалското место Праја да Луш, во португалскиот регион Алгарве

542

Водечкиот инспектор што одби да ја води истрагата во случајот на исчезнатата Медлин Мекен ја критикувал намерата на власта дека на барањето на исчезнатото девојче потрошилe уште 100.000 фунти.

Колин Сатон тврди дека трупот на малата Меди може да биде закопан во некој од 600-те древни бунари во португалското место Праја да Луш, во португалскиот регион Алгарве.

Мали шанси за пронаоѓање

Тригодишната Медлин исчезна во 2007 година, а Сатон вели дека полицијата има малку шанси сега да ја најде.
Професорот по судска медицина Дејвид Барклеј, исто така, тврди дека ова подрачје во Португалија е „најкомплицираното место за криење трупови“ кое некогаш го посетил.

– Тоа е невозможно без посебни информации што ќе овозможат да се фокусирате на одредена област – рекол Сатон и додал дека единствената надеж за пронаоѓање е некој конечно да ѝ раскаже на полицијата што се случило.

Медлин исчезна од апартманот на 3 мај 2007 година, додека нејзините родители Кејт и Гери Мекен биле на ручек. Тие ја оставиле малата Меди и близнаците, кои тогаш имале една година, да спијат.

„Дејли мејл“ во февруари откри дека тие подигнале 728.508 фунти преку фондацијата „Да ја пронајдеме Меди“, а тие пари требало да се искористат за работењето на приватните детективи.

Средствата во фондот, кои главно се добиени од јавните донации и профитот од книгата на Кејт, нагло пораснале оваа година.

Дополнителни средства за истрага

Портпаролката на семејството Кларенс Мичел рекла дека полицијата ќе бара дополнителни средства ако смета дека потрагата треба да продолжи.
Министерството за внатрешни работи пред само неколку денови одобри дополнителни 100.000 фунти покрај веќе потрошените 11 милиони фунти.

Владата ја финансира „Операцијата Грејнџ“ (пронаоѓањето на Меди) секои шест месеци, а 154.000 фунти се одобрени од октомври лани до крајот на мај.
Се верува дека најновата рунда на финансирање изнесува 150.000 фунти, а портпаролот на Министерството за внатрешни работи рекол:

„Владата останува посветена на истрагата за исчезнувањето на Медлин Мекен.“

Нејзиното исчезнување стана она што многумина го нарекуваат најтешкото исчезнување на личност во модерната историја. Сè уште не се знае што ѝ се случило: дали е жива, или ако е убиена, каде се наоѓа телото.

Сведок

По повеќе неуспешни истраги што ги организираа и португалската и британската полиција, во текот на повеќе години, родителите ја продолжија истрагата за да ја пронајдат ќерката користејќи приватни детективи. Скотланд Јард покрена нова истрага во мај 2011 година. Португалската полиција, исто така, покрена нова истрага во мај 2013 година. Во таа истрага беше откриен сведок што во ноќта на исчезнувањето на девојчето, видел човек како носи дете кон плажата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.