„Монахот од Тамнава“ – нов роман на Божин Павловски

169

„Монахот од Тамнава“ е нов роман на Божин Павловски, објавен од „Матица македонска“, за кој во рецензијата е наведено дека „плени со едноставност, со искреност и со вистинитоста на наративниот исказ“.

– Во фонот на човечките доблести, маестрално се извајани цела галерија ликови, почнувајќи од „измислените“ а завршувајќи со „вистинските“ како Хемингвеј, кој не е само метафора туку и своевиден идол за двајца пријатели со писателски амбиции… Романот завршува со глава без глава во потрага по времето педесет години подоцна, и со уверување дека можеби не вреди да се живее, но уште помалку вреди да се умре. Или што би рекол Хемингвеј – човекот може да биде уништен но не и поразен, констатира Блаже Минвски во рецензијата на романот.

Божин Павловски е автор на богат прозен опус, високо вреднуван од критиката и наградуван со дваесетина престижни национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на Интербалканската награда за литература во Солун и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на кутурата. Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 1988 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.