Наскоро стартува првата винска Академија на Македонија

Наменета е генерално за сите, од професионалци во винската индустрија, вработени во ресторатерството и винскиот туризам, сѐ до винските ентузијасти, а се подготвува и учебник прилагоден за студентите кои немаат предзнаење во оваа област.

340

Звонко Херцегвински екперт и дел од организаторите на скопскиот вински салон, е оснивач на првата Академија за вино и јаки алкохолни пијалоци на Македонија која освен што ќе понуди повеќе типови на курсеви, од неколку интернационални, признаени секаде во светот, до локален курс на чија програма работам кадешто покрај тоа што ќе се изучува истото тоа што го нудат интернационалните курсеви, фокусот ќе биде ставен во надополнувањето со информации за нашите вина и нашата винска индустрија.

Тоа е дел од стратегијата со која Академијата треба да го помогне афирмирањето на македонските вина и македонскиот вински регион. На крај од секој курс доколку се положи успешно, студентите ќе добијат сертификат во зависност од нивото и типот на курсот кој го положиле.

Интервјуто со Звонко Херцег ќе го најдете на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.