Пожар во трговски центар во Москва, една жртва и две лица повредени (ВИДЕО)

Околу 600 посетители се евакуирани од трговскиот центар „Персеј“, откако пожарот избувнал на најгорниот кат од четирикатната зграда.

91

Една жртва и две повредени лица и причинета матeријална штета е исходот од пожарот кој избувнал денес во еден од магацините на трговски центар во источна Москава.

Околу 600 посетители се евакуирани од трговскиот центар „Персеј“, откако пожарот избувнал на најгорниот кат од четирикатната зграда, објави новинската агенција РИА Новости.

Според руското Министерство за вонредни состојби пожарот избувнал на четвртиот кат од трговскиот центар, но истиот е целосно изгаснат.

Видео и фото од твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.