Поради дефект на топловодна мрежа на улица Васил Главинов, се излеа вода на тротоарот

211

Дефект на топловодната мрежа предизвика излевање на топла вода на тротоарот и дел од коловозот на ул. Васил Главинов, број 3. Заради санација на дефектот беше направен ископ кој опфати дел од тротоарот, соопшти БЕГ.

„Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи се на терен и забрзано работат на санација на дефектот. Според проценката, санацијата на дефектот ќе се изврши во најкраток рок по што нормална испорака на топлинска енергија, согласно режимот на испорака, ќе добијат следниве објекти: ул. Максим Горки, бр. 14, бул. Партизански одреди, бр. 5, бр. 7, бр. 9, ул. 27ми Март, бр. 10, бр. 14, ул. Орце Николов, бр. 0007, бр. 29, ул. Наум Наумовски Борче, бр. 008 и ул. Васил Главинов, бр. 3.

Напоменуваме дека топлиноносителот кој се излеа на улицата е деминерализирана вода без хемиски додатоци“, се наведува во соопштението.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.