Предлог – законот за високо образование на јавна расправа

24
20130131 Thursday 1148 pratenicki prasanja i ladna (dzingovaca) vp sobranie

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт денеска организира јавна расправа за Законот за високото образование, на која е најавено обраќање на министерката Рената Дескоска.

На јавната расправа ќе учествуваат декани и ректори од јавните и приватните универзитети, професори, претставници на синдикатите, пленумите, како и останатите засегнати страни кои учествуваа во подготовката на овој закон.

Предлогот вчера помина во прва фаза на пленарна седница во Собранието со заклучок дека е прифатлив и може да се проследи во натамошно читање.

Квалитетот на образованието и автономија на универзитетите се две главни цели на Предлог-законот за високото образование. Се работи за целосно нов текст на закон, поради нефункционалноста и неприменливоста  на актуелниот од 2008 година, кој поради слабости и недоречености досега имаше 21 измена и дополнувања, а само од 2015 е променет пет пати.

Подготовката на текстот почна во јуни минатата година кога се формираше работна група во МОН со вклученост на претставници од сите засегнати страни. Оттогаш на јавен увид беа претставени три нацрт-верзии со цел преку сугестии и укажувања текстот да биде подобрен со прифатливите забелешки.

Новини што ги донесува Предлог-законот се формирање Агенција  за  квалитет на високо образование која ќе ги опфати како два раздвоени органа Одборот за акредитација (кој ги одобрува студиските програми) и Одбор за евалуација (кој го контролира квалитетот на одобрените акредитирани програми).

Се намалуваат мандатите на ректорите и деканите – од четири на три години. За деконцентрација на моќта на ректорите се воведува нов модел на нивниот избор – со непосредно гласање на професорите на факултетите и на институтите за предложените кандидати.  За ограничување на моќта на министерот за образование и наука, пак, ќе се формира Национален совет за образоание, наука и истражување, кој ќе преземе надлежности од министерот во сферата на високото образование.

Постојните студентски факултетски парламенти ќе се трансформираат во универзитетски односно факултетски собранија како тела на универзитетот, а не како здруженија на граѓани како што беа регистрирани според постојниот Закон за високо образование. Факултетските собранија ќе се избираат на непосредни избори и во нив ќе членуваат претставници на студентите избрани на слободни, фер и демократски избори и потоа тие ги избираат своите претставници на ниво на универзитети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.