„Проект среќа“ донира за шампионите од социјални семејства

84

Здружението „Проект среќа“ започна со акцијата „Здраво шампиони“, кој ќе им обезбеди бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови на деца кои живеат во социјален ризик.

Акцијата ќе биде промовирана на 1 април, в недела, во рамките на традиционалната Женска трка, кај Фонтаната во Градскиот парк, каде што „Проект среќа“ ќе има донаторски штанд. Сите кои сакаат ќе можат да дојдат и да донираат за идните шампиони.

– Проектот го наменивме за сите деца од Македонија кои сакаат да се занимаваат со спорт, а немаат услови за тоа. Поддржан е од Агенција за млади и спорт, од Сојузот на спортови на Град Скопје, а очекуваме поддршка од сите производители и дистрибутери на спортска опрема. Пријавувањето за донации ќе биде на нашата фејсбук страница, „Проект среќа“ како и до сега, но овој пат и училиштата, но и спортските клубови ќе можат да пријавуваат деца за кои мислат дека
ваква помош им е добредојдена. Се надеваме на голема поддршка од донаторите – изјави Кристина Арнаудова, претседателка на здружението.

Акцијата „Здраво шампиони“ ќе трае до почетокот на јуни.

Освен оваа акција, „Проект среќа“ почна и со реализирање на проектот „Среќно матуранти“ , со кој обезбедува комплетен матурски за сите матуранти, полуматуранти и апсолвенти кои тоа не можат да си го дозволат.

„Ги очекуваме пријавите на сите оние кои имаат потреба од ваква помош на
нашата фејсбук страница или кај нашата координаторката Благица Ристов“, изјавија од „Проект среќа“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.