Промовирана книгата „Македонија во географијата на Ал-Идриси“

238

Пред голем број присутни историчари, географи и јавни личности на денеска во „Порта Македонија“ е промовирана книгата “Македонија во Географијата на Ал-Идриси” од Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ.

Книгата ја промовираа профедсорот Благоја Маркоски и академик Драги Ѓоргиев. Авторот Рамчиловиќ им се заблагодари на присутните и сите оние кои придонеле да оваа книга стане достапна до јавноста. Тој додаде дека бил изненаден кога се запознал со овој целосен препис од тоа што никој досега не го обработил ова дело кое е од исклучително значење за континуитетот на Македонија.

– Не постои ниту едно друго име на денешен регион или држава на Балканот кое што за тогашниот најзначаен географ Идриси, а со тоа и за арапската и исламската наука кои негувале во тогашната повеќевековна водечка светска сила, освен Македонија, само Македонија. Не можев да одолеам на предизвикот да не го обработам овој труд кој е само потврда и опомена за сите нас, особено за оние кои носат одлуки дека никој нема право да го менува, да му додава или одзема нешто на нашето име Македонија – рече Рамчиловиќ.

Издавачи на книгата се Институт за национална историја и Здружението “Диван”.

Рамчиловиќ е научник и истражувач кој покрај ориенталистика, се занимава со периодот помеѓу двете светски војни во Македонија, како и со процесите врзани за Бошњаците во минатот и денес. Автор е на повеќе научни трудови, како и на книгите: Бошњаците во Македонија во текот на XX век, Познати Бошњаци од Македонија и Петровец – вчера, денес, утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.