Протекоа детали од мемоарите: Претходниот брак Меган го раскинала преку поштарот

Поранешната актерка, а сега најпопуларната идна невеста, Меган Маркл, ненадејно одлучила да се разведе од првиот брак.

857

Поранешната актерка, а сега најпопуларната идна невеста, Меган Маркл, ненадејно одлучила да се разведе од првиот брак.

Толку многу и се брзало да го заврши бракот, што свршеничкиот прстен и бурмата ги испратила преку пошта до својот поранешен сопруг.

Имено, Меган била во брак со своето долгогодишно момче, продуцентот Тревор Енгелсон.

Сепак, бракот не траел долго, само две години поминале заедно, а во 2013 година актерката се развела – поради непомирливи причини.

Ова се познати детали од нејзиниот поранешен живот, но сега се појавија деталите кои се запишани во мемоарите на идната сопруга на британскиот принц Хари.

Имено, по потегот со поштенската испорака, нејзиниот сопруг бил многу вознемирен и бесен.

Авторот на биографијата, Ендру Мортон изјави дека пријателите кои биле блиски до парот знаеле дека Меган и Тревор многу тешко го поднесуваат фактот што таа се преселила во Торонто за да може да работи на серијата „Suits”, која и ја прослави.

Сепак, парот извесно време се трудел да го одржи бракот „на далечина“.

Бидејќи тоа не одело добро, таа ги испратила прстените, а многу брзо адвокатите го завршиле својот дел од работата. Меган овојпат на 19 мај ќе се омажи за принцот Хари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.