Путин: Очекуваме дека ќе победи здравиот разум во аферата „Скрипал“

83
EPA/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KRE

Очекуваме дека ќе победи здравиот разум и дека ќе се спречи голема штета во меѓународните односи, рекол претседателот на Русија, Владимир Путин во Анкара по состанокот со претседателите на Турција и Иран, за аферата со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, која предизвика длабока криза во односите меѓу Русија, Западот и други земји.

Претставници на меѓународната организација за забрана на хемиско оружје денеска разговараат во Хаг за труењето на Скрипал и неговата ќерка со нервен отров „новичок“ во Велика Британија.

Британската воена лабораторија вчера соопшти дека нема докази дека отровот дошол од Русија. Британските власти, сепак, сметаат дека зад нападот стои Русија. Москва, која категорично тврди дека не стои зад нападот, оцени дека станува збор за антируска кампања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.