Роналдо синоќа доби овации од навивачите на Јувентус (ВИДЕО)

Фановите на италијанскиот шампион му аплаудираа на Португалецот по вториот гол кој беше постигнат со ножички, а тој по натпреварот им се заблагодари.

1396

Кристијано Роналдо синоќа доби овации од навивачите на Јувентус за прикажаната игра и двата гола во триумфот на Реал Мадрид со 3:0 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите.

Фановите на италијанскиот шампион му аплаудираа на Португалецот по вториот гол кој беше постигнат со ножички, а тој по натпреварот им се заблагодари.

-Тоа што го направија за мене е неверојатно. Никогаш во кариерата не му се случило вакво нешто. Пресреќен сум. Само ќе кажам „Грацие“ (благодарам) – изјави ѕвездата на Реал.

Роналдо е првиот фудбалер во ЛШ кој постигнал гол на 10 последователни натпревари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.