Семафори со ликот на Маркс поставени во германски град

Домот на германскиот филозоф и влијателниот комунистички мислител Карл Маркс слави двесте години од неговото раѓање - на семафорите.

98

Домот на германскиот филозоф и влијателниот комунистички мислител Карл Маркс слави двесте години од неговото раѓање – на семафорите.

Авторот на „Манифестот на Комунистичката партија“ е роден на 5 мај 1818 година во Трир, во западна Германија, каде што живеел до седумнаесеттата година.

Како што пишува БиБиСи Њуз, а пренесува Данас, на почетокот на неделата во овој град беа поставени нови семафори со ликот ма Маркс кој менува бои.

„Трир свети за Маркс“, вели градоначалникот Волфрам Лејбе.

Во близина на домот и музејот на Маркс ќе се постават нова низа на семафори, пренесува германската веб-страница trier.de.

Годишнината од раѓањето на Маркс предизвика полемика во Трир откако градските власти минатата година го прифатија бронзениот споменик на филозофот од кинеските власти.

Овој споменик треба да се постави во мај, но противниците велат дека славењето на Маркс ги фрла во сенка страдањата под комунистичките режими во 20 век.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.