Се запознале и се венчале во супермаркетот, меѓу конзервите со моркови

Лери Спиринг (69) и Беки Смит (61) кои пред 10 години се запознале во супермаркетот во американското гратче Лоуер Барел, одлучиле таму и да се венчаат.

72

Лери Спиринг (69) и Беки Смит (61) кои пред 10 години се запознале во супермаркетот во американското гратче Лоуер Барел, одлучиле таму и да се венчаат, пишуваат американските медиуми.

– Информација до купувачите: венчавка во одделението 13 – било објавено преку разглас во супермаркетот.

Двојката, со кумовите, роднините и пријателите, се венчала меѓу конзервите со моркови и грашок, во делот од супермаркетот во кој пред 10 години се запознале.

Беки раскажала дека тогаш била вработена во истиот супермаркет во Пенсилванија.

Еден ден и пришол Лери, се насмевнал и и дал лист хартија со своето име, презиме и бројот на телефонот.

Беки и Лери рекле дека го одбрале 1 април, односно велигденската недела за ден на венчавката, бидејќи е блиску до двата датуми кои се значајни за нив: Лери слави роденден на 2 април, а Беки на 3 април.

Покрај тоа посакале „едноставна“ венчавка во мал круг на пријателите и роднините.

Матичарот рекол дека тоа му е прва венчавка во продавница со мешовита стока, а нејзиниот сопственик Џорџ Тимонс рекол дека е многу среќен што на двојката им ја исполнил желбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.