Словенија го ограничува количеството маснотии во прехранбените производи

Намалувањето на количината на трансмаснотиите, е дел од мерките од словенечката национална програма за прехрана, телесни активности и здравје, која го опфаќа периодот до 2025 година.

32

Кондиторските и пекарските производи коишто се продаваат на словенечкиот пазар во иднина не смеат да содржат повеќе од два отсто трансмасни киселини од вкупната количина маснотии во еден продукт. Новиот правилник влезе во сила од вчера, но е предвиден и период од една година за прилагодување.

Трансмасните киселини се незаситени масни киселини коишто своите посебни својства ги добиваат по индустриска преработка на растителни масла, односно нивна хидрогенизација.

Според некои истражувања, тие предизвикуваат зголемување на холестеролот и можат да предизвикаат циркулациски болести, како што се артеросклероза, и болест на срцевите мускули. Затоа, постои тенденција на намалување на нивната употреба во прехрамбените производима.

Намалувањето на количината на трансмаснотиите, е дел од мерките од словенечката национална програма за прехрана, телесни активности и здравје, која го опфаќа периодот до 2025 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.