Со крст на грбот, Хрват пешачи во знак на револт што владата нема пари за болните (ВИДЕО)

Хрватот Саша Павлиќ, револтиран што централната власт во Хрватска троши пари за воени авиони, наместо за тешко болните деца, одлучил патот од Загреб до Ријека да го пешачи со крст на грбот.

75

Хрватот Саша Павлиќ, револтиран што централната власт во Хрватска троши пари за воени авиони, наместо за тешко болните деца, одлучил патот од Загреб до Ријека да го пешачи со крст на грбот.

Тој како мотив за ваквото протестно пешачење го наведува фактот што министерот за здравство изјавил дека државата нема пари за лечење на болните деца, а во истиот весник каде била пренесена изјавата, била објавена и сторија дека за израелски авиони власта издвоила три милијарди куни.

– Едноставно не можев да го прифатам фактот дека за лековите за деца нема пари во буџетот, а за странски авиони има. Морав да направам нешто – рекол Павлиќ за Јутарњи.

Целото патешествие тој го пренесува преку својот профил на Твитер, каде ги издвојува значајните моменти од подвигот.

Нему десната нога му е повредена и тој побарал помош преку Твитер. Денеска тој објавил дека човек доброволно се пријавил да му помогне во носењето на крстот, бидејќи тој едвај се движи, но и дека една аптека му дала лекови против болка и завои, за да може полесно да го продолжи патот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.