Средбата меѓу Бекер и Надал предизвика бурни реакции

396

Средбата меѓу Борис Бекер и Рафаел Надал предизвика бројни коментари и бурни реакции на социјалните мрежи, особено меѓу навивачите на Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Пред натпреварот од Дејвис купот меѓу Шпанија и Германија во Валенсија, поранешниот тренер на Ѓоковиќ се пофали на Инстаграм со заедничка фотографија со актуелниот „прв светски рекет“, Надал.

За шпанскиот тенисер ова ќе биде прв настап по заздравувањето од повредата, а Бекер пo средбата искористи можност да му испрати пофални зборови.

– Чест ми е да го поздравам најдобриот на земјена подлога (но и на многу други подлоги) – напиша Бекер под фотографијата.

По оваа следеа реакции на навивачите на Федерер, но и на Ѓоковиќ, кои меѓу другото го прашуваат Бекер на какви други подлоги е „најдобар“ Надал.

Фото: EPA/MARK LYONS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.