Телескопот „Хабл“ забележа непозната ѕвезда на „невозможна далечина”

Телескопот на Американската вселенска агенција НАСА, „Хабл“ регистрираше ѕвезда која е девет милијарди светлосни години оддалечена од планетата Земја.

257

Телескопот на Американската вселенска агенција НАСА, „Хабл“ регистрираше ѕвезда која е девет милијарди светлосни години оддалечена од планетата Земја.

НАСА го забележала новото вселенско тело при истражувањето на веќе позната супернова, откриена во 2014 година. Се работи за најоддалечената ѕвезда досега откриена од човекот.

Научниот тим под водство на астрономот Патрик Кели, од Универзитетот во Минесота, објаснува како со новата технологија ќе може да се видат и објекти на растојание поголемо од 100 милиони светлосни години, што досега се сметаше за незамисливо.

– Можете да видите поединечни галаксии, но оваа ѕвезда е барем 100 пати пооддалечена од следната поединечна ѕвезда која може да ја анализираме, истакнува Кели.

Овој син суперџин е наречен Икар, според ликот од старогрчката митологија, чии крилја, според легендата, се стопиле откако премногу се приближил до Сонцето.

Се претпоставува дека телескопот „Џејмс Веб“, кој во Вселената треба да биде испратен во 2020 година и да го замени „Хабл“, ќе овозможи уште подетални испитувања на ѕвездата.

Телескопот „Хабл“ е проект на НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА, а беше лансиран во 1990 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.