Тој би го убил Сноуден, би ги шпионирал граѓаните и би го забранил абортусот

881

Новиот човек на Трамп, мајк Помпео, кој ќе ја води американската дипломатија е задрт конзервативец кој го завршил школувањето на Вест Поинт.

Откако претседателот на САД, Доналд Трамп го отпушти од Белата куќа и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, на негово место дојде контроверзниот 54-годишен Мајк Помпео, поранешен шеф на ЦИА. Еве некои факти за новиот американски државен секретар, пишува Паула Бобановиќ за Експрес.

1. Студент на Вест Поинт
Помпео 1986 година дипломираl на Вест Поинт и поминал пет години како активен војник на источногерманската границата. Ја напушта војската како капетан, според Wall Street Journal.

2. И Помпео, како Трамп, со години беше претприемач
Роден во Калифорнија, тој се преселил во Канзас во 1996 година по дипломирањето на Правниот факултет на Харвард и работел во Вашингтон, Д .C., како адвокат две години. Во Канзас, Помпео станал извршен директор во Thayer Aerospace. По продажбата на компанијата во 2006 година, станал претседател на Sentry International, која произведува опрема за нафтени полиња.

3. Оженет е за Сузан Помпео
Со сопругата Сузан го имаат синот Ник.

4. Тој стана конгресмен со помош на движењето Tea Party
Еден од неговите демократски колеги во Претставничкиот дом, републиканецот Адам Б. Шиф, го нарече Помпео „паметен и вреден“.

5. Како конгресмен на САД, Помпео беше отворен критичар на Хилари Клинтон
Помпео е член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, кој ја надгледува разузнавачката заедница на САД, вклучително и ЦИА и Агенцијата за национална безбедност (НСА). Комитетот го испитуваше нападот на американската дипломатска мисија во Бенгази во Либија во 2012 година, а според „Њујорк тајмс“, „не најде нови докази за злоупотреба на администрацијата на Обама“ или тогашниот државен секретар Хилари Клинтон.

Меѓутоа, Помпео беше убеден дека имало прикривање и напиша извештај за Клинтон на 48 страници. Според известувањето на „Тајмс“, извештајот на Помпео, кој го напиша со други членови на Републичкиот комитет, вели дека Стејт департментот „се чини дека повеќе се занимава со политиката и наследството на секретарката Клинтон, отколку со заштитата на своите луѓе во Бенгази“. Тој, исто така, изјави за новинарите дека Клинтон е „морално непостојана“. Претседателот на комисијата, републиканецот Треј Гоуди, не го стави својот потпис под извештајот на Помпео, напиша „Тајмс“.

6. Помпео мисли дека Едвард Сноуден треба да биде осуден на смрт

За време на настапот на C-Span во февруари, Помпео изјави дека Едвард Сноуден, поранешен вработен во Агенцијата за национална безбедност (НСА), кој пушти во јавноста тајни информации и сега живее во Русија, треба да биде осуден на смрт за тоа што го направи.

„Тој треба да биде вратен од Русија и мислам дека соодветен исход би бил да му се досуди смртна казна поради тоа што моите пријатели, неговите пријатели кои денес служат во армијата, ги изложи на голем ризик поради информациите што ги украде и потоа ги предаде на странски сили“ рече Помпео.

7. Ги пооддржува владините програми за надзор на Американците и странските државници

Помпео пред група студенти на Универзитетот Вичита рече дека тие не би требало да се грижат за програмите на НСА за надзор на телефонски повици и е-пошта, пишува „Wichita Eagle“. „НСА не ги слуша намерно вашите телефонски повици“, рече во 2013. „Слободно разговарајте со пријателите. Кажете му што сакате. Вашата влада не ги снима телефонските повици“. Во 2015 година, НСА ја прекина контроверзната програма со која се бараше од телекомуникациските оператори да ги пренесува собраните податоци од телефонски повици во САД, според НПР. НСА сè уште може да ги види овие податоци ако поднесе барање.


Помпео во јануари рече дека шпионските програми на НСА се вредни и дека сака да ги оживее. „Не смееме да го држиме тој алат настрана од нашата разузнавачка заедница додека заканите се големи како што е тоа случај денес“, рече тој. Исто така им кажа на студентите дека САД треба да ги шпионираат светските лидери, вклучувајќи ги и нашите најблиски сојузници. „Зошто би се шпионирала Германија? Излезе дека токму тоа е местото каде што можете да ја најдете Ал-Каеда“, рече тој. „Зошто би се шпионирале пријателите? Бидејќи тоа е местото каде што ќе ги најдете луѓето кои се обидуваат да направат огромна штета на Америка“.

8. Се залагаше за методите на тортура на ЦИА

Во 2014 година, Сенатот објави дел од својот извештај за тортурата на затворениците на ЦИА меѓу 2001 и 2006 година што вклучуваше „потопување, употреба на електрични шокови, кучиња, голотија, хипотермија и потсмев“. Помпео го разгледал извештајот, истакнувајќи во изјавата во тоа време:

„Нашите мажи и жени, кои беа задолжени да не штита по 11 септември – нашата војска и нашето разузнавање – се херои, а не пиони во некоја либерална игра која ја играат ACLU и сенаторотот Фајнстајн. Овие мажи и жени не се мачители, тие се патриоти. Програмите кои се користеле се законски и уставни, а спроведени со целосно знаење на сенаторот Фајнстајн. Ако било кој поединец дејствувал надвор од законските рамки на програмата, јас би очекувал да се сослушаат во целосниот опсег на законот“.

9. Помпео не е љубител на етикети на прехранбените производи, особено кога станува збор за ГМО

Како конгресмен, Помпео напиша закон со кој се спречуваат федералните држави да им наредуваат на прехранбените компании да ставаат налепници на нивните производи што укажуваат дека содржат генетски модифицирани организми или ГМО. Законот беше усвоен во 2015 година и покрај противењето на демократите и групите за заштита на потрошувачите кои инсистираат на тоа дека Американците имаат право да знаат што има во нивната храна, според „The Hill“. Помпео ја отфрли таа загриженост, велејќи дека барањата за нови етикети само ги зголемуваат трошоците. „прецизно нула веродостојни докази покажаа дека храната произведена со биотехнологија претставува ризик за нашето здравје и безбедност“, рече Помпео. „Не треба да се зголемуваат трошоците врз основа на желбата на шака активисти“.

10. Тој е строго про-живот

Помпео, како евангелистички христијанин, е против абортусот дури и во случаи на силување и инцест, вели Асошиетед прес, и го дозволува само ако животот на мајката е во опасност. Помпео исто така гласаше против планираното родителство, нарекувајќи го „најголемиот добавувач на комерцијални абортуси во САД“. Нема федерални пари за финансирање на абортуси.

11. Неговите коментари за муслиманите предизвикаа критики

Во месеците по бомбашките напади на Бостонскиот маратон во 2013 година, Помпео ги повика муслиманските водачи да ги осудат терористичките дејства извршени во име на исламот.

„Помина помалку од два месеца од нападот во Бостон, а во тие недели, тишината на муслиманските лидери е заглушувачка“, рече тој.

Тоа што не ги осудуваат таквите напади, продолжи тој, ги прави муслиманските лидери „потенцијални соучесници“ во нападите. „Кога најстрашните терористички напади врз Америка во текот на последните 20 години главно доаѓаат од луѓе од една вера и се изведуваат во име на таа вера, на водачите на таа вера паѓа посебна обврска“, рече тој.

Советот на американско-исламски односи истакна дека „многу муслимански институции давале изјави во чии теми биле опфатени и молитви за жртвите, повици до муслимани да помогнат во хуманитарните акции и да го осудат тероризмот”.

12. Помпео го поддржа Марко Рубио

Помпео отпатува за Ајова во пресрет на кампањата за претседател на Марко Рубио, според „Wichita Eagle“. На својата Фејсбук страница, Помпео напиша:

„Марко го знам добро. Верувам дека може да ја артикулира визијата на конзервативизмот кој е близок до секој американски човек и дека би ги победил Хилари Клинтон или Берни Сандерс во ноември. Особено по прашањето на националната безбедност. Марко едноставно го има најдобриот начин и пристап за безбедност на семејствата во Канзас“. Рубио заврши на третото место и ја напушти претседателската трка во март. Откако Трамп стана кандидат на републиканците во мај, Помпео го поддржа индиректно – без да го спомнува неговото име. „Помпео ќе го поддржи кандидатот на републиканците, бидејќи Хилари Клинтон не може да биде претседател на САД“ – речетогаш неговиот гласноговорник.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.