Трамп сака брзо повлекување од Сирија, експертите – не

„Сакам да си заминеме од Сирија. Сакам да ги донесам нашите војници дома“. Тоа е идејата на американскиот претседател Доналд Трамп објавена вчера, по вторпат за една недела.

79

„Сакам да си заминеме од Сирија. Сакам да ги донесам нашите војници дома“. Тоа е идејата на американскиот претседател Доналд Трамп објавена вчера, по вторпат за една недела.

Одлуката според него, сепак, ќе ја донесе во координација.

Но, експерти предупредуваат дека тоа може да го намали американскиот кредибилитет во регионот, но и да предизвика ескалација на судирите. Тоа би значело и победа за Иран и за Русија, и најверојатно кус блесок на задоволство кај претседателот на Сирија Асад.

Во четвртокот Трамп изјави: – Ќе ја напуштиме Сирија многу брзо, навистина многу брзо. Наскоро ќе заземеме 100 отсто од калифатот, како што тие го нарекуваат, зборувајќи за територии во Ирак и во Сирија окупирани од 2014 до 2017 година од ИД.

Весникот Волстрит џурнал објави дека Трамп наредил да бидат замрзнати над 200 милиони долари наменети за обнова на Сирија. Таа информација не беше потврдена ниту негирана од страна на администрацијата.

Од преземањето на функцијата Трамп често нагласува дека ИД се поразени, и неговата најнова изјава предизвика бурни коментари.

Експерти велат дека сега не е време за повлекување од Сирија.

Директорот за истражување во Фондацијата за одбрана на демократија, Дејвид Адесник вели дека без поддршка од САД, Сириските демократски сили би биле во послаба позиција и тоа намалува нивни шанси за време на преговори со режимот во Сирија.

– Не станува збор за недоразбирање или грешка, коментираат високи претставници на администрацијата на Трамп за АФП. Тие нагласуваат дека со недели претседателот се противи на идејата САД да останат долгорочно или среднорочни ангажирани во источниот дел од Сирија каде имаат околу 2.000 војници во рами на меѓународната борба против ИД.

Ако САД се повлечат од Сирија, тоа ќе биде во спротивност со стратегијата за „стабилизирање“ на ослободените територии додека не се најде решение под закрила на ОН за сириската граѓанска војна. Таа стратегија е поддржана од Европа, наведува АФП.

Очигледната желба на Трамп да ја напшушти Сирија што е можно побргу предизвикува загиженост во регионот и тоа може да ги охрабри силите на сирискиот режим, на Иран и на Турција. САД ги помагаат СДФ во обезбедувањето на сириската граница со Ирак бидејќи ИД и понатаму е присутна во таа област. Заминувањето ќе го искорсти и ИД кои веќе имаа корист од акциите кои Турција ги спроведува на север во Сирија.

Европските диломати сметаат дека Западот нема да може да се повлече од Сирија додека ИД не биде целосно уништена и не е воведено во пракса политичко решение.

Во таков момент, турската воена кампања против Курдите во Африн покрената на 20 јануари, може да ја поткопа борбата против ИД бидејќи курдските борци веќе почнаа да заминуваат за да им помогнат на своите сонародници од тој град.

Поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон своевремено изјави дека САД ќе останат во Сирија се додека ИД не бидат поразени.

– САД ќе го задржат военото присуство во Сирија и ќе бидеме фокусирани на тоа ИД да не зајакне. Борбата поротив таа група се уште не е готова, изјави Тилерсон на Универзитетот Стенфорд.

Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис веќе со недели се обидува да ја убеди Турција да ја запре офанзивата во Северна Сирија против курдските Сили за заштита на народот, кои Анкара ги смета за терористички, но се добар сојузник во борбата против ИД, според Вашингтон.

Администрацијата на Трамп со резерва ги прими неговите изјави и веќе е научена да не противречи отворено на претсеателот.

– Во соработка со меѓународната заедница САД работат секој ден на терен со цел стабилизирање на зоните каде веќе ја нема ИД, вели дипломат од Стејт департментот во изјава за АФП.

Портпаролот на Пентагон нагласи: Мисијата на американските војници во Сирија останува без промени.

– Така ја реализираме стратегијата на претседателот – да ја победиме ИД, нагласи мајор Ејдиен Панкин-Галовин.

Од друга страна планот на Пентагон од јануари има за цел да се спречи каквои било враќање на ИД „додека биде неопходно“. Тоа и означува дека не смее да им се даде слобода на дејствување на во Сирија на Русија и на Иран кои се главни поддржувачи на претседателот Башар Асад. Тие му помогнаа да врати над половината од територијата на државата.

Ангела Стент директорка на Центарот за студии за Евроазија, Русија и Источна Европа на Универзитетот Џорџтаун вели во изјава за Си-Ен-Ен дека „доколку САД се повлечат, Русија ќе има слободна рака во Сирија и борбата против Асад ќе биде ослабена“.

– Се прашувам за што размислувал претседателот кога изјавил такво нешто.

Таа исто така нагласи дека повлекувањето ќе им значи многу на Иран, држава која се бори на страната на Русија во Сирија.

– Ако САД ја напуштат воената база која е во југоисточна Сирија, Иран може да обезбеди свое преминуавње од Дамаск до Техеран со што ќе обезбеди регионално влијание.

Заедно со Русија, Иран и сирискиот режим ќе искористат можност и за економска предност за да добијат пристап до нафтени полиња што се под контрола на САД.

– Тешко е да се земат сосема сериозно изјавите на американскиот претседател, вели Чарлс Листер од Институтот за Блискиот исток.

– Не ми изгледа дека нему му се јасни нештата, додава тој експерт во изјава за АФП.

И додава: – Сега Мајк Помпео, Џон Болтон и министерот за одбрана, Џејмс Матис може да му објаснат на Трамп зошто сега за нас не е добро да се повлечеме туку да останеме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.