Трговската размена на почетокот на годината во пораст

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 313, 4 милиони долари.

32

Извозот и увозот на стоки во периодот јануари-февруари годинава бележат зголемување, објави Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 1,08 милијарди САД долари и бележи пораст од 42,9 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1,39 милијари долари и е за 34,9 отсто повеќе споредено со истиот период лани.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 313, 4 милиони долари.

Во извозот најголемо учество имат катализаторите на носачи со благородни метали или нивните соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, како и деловите на седишта и облеката. Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и нејзините легури необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури.

Најголеми трговски партнери на Македонија и понатаму остануваат Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.