Хрватска: Повеќе од една четвртина пензионери се во ризик од сиромаштија

Најновите податоци на Европската комисија за животниот стандард во ЕУ, предупредуваат дека 26,5 отсто од хрватските државјани на возраст над 65 години се на прагот на сиромаштијата.

64
20150619 Friday 1114 pazar penzioneri vtornik petok sabota nedela domati

Најновите податоци на Европската комисија за животниот стандард во ЕУ, предупредуваат дека 26,5 отсто од хрватските државјани на возраст над 65 години се на прагот на сиромаштијата. Тоа е, според истиот извор, речиси двојно повеќе стари лица изложени на ризик од сиромаштија во Хрватска отколку европскиот просек (14,7 проценти), со што Хрватска е рангирана меѓу шесте социјално најзагрозени држави во ЕУ.

За дел од пензионерите во ризик од сиромаштија, еден од трите критериуми во анализата на Европската комисија за состојбата на пензискиот систем на членките на Унијата. Другите два се односот на пензиите и платата на корисниците на пензија пред пензионирањето и времето на пензионирањето.

И според другите два критериуми, Хрватска е меѓу најранливите членки на Унијата кога станува збор за животниот стандард на граѓаните на возраст над 65 години.

Во Хрватска, соодносот на пензиите и платите пред пензионирањето изнесува 55 отсто од уделот на пензијата во платата. Според вториот показател, само во Литванија (49 проценти удел на пензијата во платата), Естонија (49,2 проценти) и Чешка (52,2 проценти), е понизок отколку во Хрватска, кога се набљудуваат членките на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.