Шварценегер на итна операција на срцето

За 70-годишниот Шварценегер ова не е првпат да му биде извршена операција на срцето. Нему му беше сменет срцевиот залисток во 1997 година.

534

Познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, имал итна операција на отворено срце, соопшти сајтот ТМЗ.

Актерот вчера бил примен во Медицинскиот центар „Сидарс Синај“ во Лос Анџелес за замена на срцев залисток со експериментална метода, но поради компликации при зафатoт, лекарите одлучиле да му го оперираат срцето.

Состојбата на филмската ѕвезда сега е стабилна.

За 70-годишниот Шварценегер ова не е првпат да му биде извршена операција на срцето. Нему му беше сменет срцевиот залисток во 1997 година.

Тогаш лекарите сметаа дека интервенцијата не е потребна, но актерот инсистираше да го направи тоа додека е уште млад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.