Ќе се формира синдикат на пензионери

Идејата за формирање на еден ваков синдикат, како што посочија од Иницијативниот одбор, постои одамна, а има и потреба бидејќи во Македонија има околу 300 илјади пензионери.

203

За стабилен и одржлив пензиски фонд и поголеми пензии ќе се залага Синдикатот на пензионери кој ќе се формира во рамки на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Иницијативниот одбор за формирање на синдикатот денеска на прес-конференција истакна дека како синдикат сакаат да бидат вклучени во реформите со пензискиот систем и да бидат рамноправен социјален партнер во преговорите.

– Сакаме да бидеме вклучени директно во реформите на пензискиот систем. Со наши претставници да бидеме рамноправни како социјален партнер во преговорите со Владата. Реформите во пензискиот систем не треба да бидат на штета на сегашните, а уште помалку на идните пензионери – истакна претседателот на Иницијативниот одбор Радослав Гиновски.

Идејата за формирање на еден ваков синдикат, како што посочија од Иницијативниот одбор, постои одамна, а има и потреба бидејќи во Македонија има околу 300 илјади пензионери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.