Џена Дуан и Ченинг Тејтум се разведуваат

Холивудската ѕвезда Ченинг Тејтум сношти и соопшти на јавноста дека се разведува од сопругата Џена Дуан, по девет години брак.

897

Холивудската ѕвезда Ченинг Тејтум сношти и соопшти на јавноста дека се разведува од сопругата Џена Дуан, по девет години брак.

Сопружниците (и двајцата на возраст од 37 години) ја објавија заедничката одлука на своите инстаграм профили. Во образложението се наведува дека „ја снемало љубовта во нината врска“, и дека двајцата сега се „на различен пат“.

Ченинг и Џена беа во брак од 2009 година, и имаат ќерка – Еверли Елизабет Мајсел родена во 2013 година. Пред бракот со ѕвездата на 21 Jump Street и Логан Лаки, Џена Дуан беше најдобро позната како танчарка на видео спотови на повеќе музички ѕвезди, но и по врската со Џастин Тимберлејк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.