• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104

Само неколку меѓници во нашата спортска историја го наполниле централниот плоштад, кога „Македонија“ бликала од радост. Беше претесен за славјето за евротитулата на Кометал ЃП, за историските 2-2 на фудбалерите против Англија, четвртото место на кошаркарите и петтото на ракометарите на ЕП. Радоста за нашите европски (спортски) вредности беше на ниво на славјето за референдумот за самостојност. Но со искрени поддржувачи, како антипод на сендвич-симпатизерите. Од кои сме сити!

Денеска ќе се наполни „Македонија“ со позитивни емоции. Ни требаше таков одговор на сите чемер-митинзи и контрамитинзи, на сите премрежија што државата сѐ уште ги преживува. За ваква енергија го отворивме шампанското во 1991. По 26 години, конечно и да воведеме нова практика – политичарите да не бидат на сцената наменета за славениците. Заради моментумот, нека биде присутен само домаќинот, градоначалникот на сѐ скопско, па и на Вардар, Коце Трајановски.

Свесен сум за негативните реакции и аверзијата кон некои ликови од паркетот во Келн поради нивните хипотеки. Но тоа не смее да ја среќата на „комитите“ кои добија најубав подарок за нивниот 30.роденден, не смее да го засени успехот на „интернационалниот Вардар“: со руски тајкун како сопственик, со шпанско дуо на тренерската клупа, со „обединети бои“ на тронот - македонски, хрватски, шпански, српски, црногорски, бразилски... Колорит што му пркоси на погрешниот етноцентризам. Зашто и ваквиот Вардар – со само еден Македонец на теренот, со уште двајца на списокот, како заедничкиот именител го имаат македонскиот.

Јазикот на обединетите црвено-црни бои е оној со кој Шпанецот диктира како да се игра на теренот. Тоа е јазикот на меѓународно валоризираниот успех како единствен валиден репер за квалитетот кон кој треба да се стремиме.
 

 

Објавено во „Слободен печат“

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

Идентитет и клаустрофобија

доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите?

ПИСМА ОД ЛОНДОН Полнички, слабички, мода и бизнис

Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав.

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

НАЈЧИТАНИ