• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83

Буџетот сам по себе е едноставен, дури и досаден документ. Креирањето на буџетот е неговиот интересен дел. Тогаш, сѐ што е можно доаѓа до израз. Желбите, ентузијазмот, креацијата, суетата, политичкото убедување, желбата за моќ и пари, лечење на индивидуалните и колективните комплекси. Во тој момент најмалку се обрнува внимание на можностите, реалноста и рационалноста во оптимизмот. Типично за Балканот последниве три декади.

Ребалансот на веќе вака стокмен буџет е сосема нешто друго,особено ако треба да го направи некоја нова влада. Тоа веќе не е досаден документ, кога мораш да исправаш туѓи криви-дрини. Во ваква ситуација не можеш да направиш многу. Освен да дотуркаш до следниот буџет. И на основа на својот концепт и стратегија да понудиш нов модел на буџет. Но и да ја преземеш целата одговорност за новиот буџет. Новиот економско-финансиски тим не треба да е загрижен за нападите на понудениот ребаланс. Основниот буџет не е нивен производ, за да бидат одговорни. Тие само ја крпат состојбата. Сите примедби од опозицијата за ребалансот се само гола опструкција без концепт. Само да се опструира за добивање на време. Без разлика, што опозицијата и самата не знае што ќе прави со добиеното време. Коцкајќи се со идното сопствено опстанување како партија со нејасен иден концепт. Дури и на неуките во земјава им е јасно дека ДПМНЕ-концептот е некако да се дотурка до локалните избори, поточно до септември. Надевајќи се на трансот во земјата, кога сите на глас ќе урлаат „напред наши, ууаа ваши“!! Новава влада нема обврска да се занимава со желботеките на коморите. Тие нема да одговараат за буџетот ако е неуспешен. Се знае кој ќе биде одговорен.

Исто, владата нема обврска да ги слуша „мудрите“ мисли на професорскиот дебатен корпус,во чии месечни плати, патем речено, учествува буџетот, кој сите ние го плаќаме. Советите на шефот на монетарната власт, во стилот на последната високо професионална мисла „банките пливаат во пари и од таму треба да се позајмува“, секогаш треба да се прифаќаат со резерва. Новата влада единствен патоказ треба да ѝ биде нејзината цел стратегија и програма. Одговорот е едноставен. Ако не успее проекцијата на буџетот се знае кој ќе биде одговорен. Сите овие погорни групи само ќе гледаат сеир.

Затоа ребалансот треба да се разбере како добра „вежбанка“ за претстојниот буџет. Ако треба до крајот на годината и нов ребаланс. Ништо драматично нема да се случи.

Новиот буџет сигурно нема да биде досаден документ ако се има предвид статус кво состојбата во економијата. Од економско-финансиски аспект Македонија е технички пропадната држава. Македонија од вкупната популација има најмалку 900 илјади директни месечни корисници од буџетот. Македонија има банкротиран државен пензиски фонд, во еден небулозен пензиски систем за толку мала држава. Истото важи и за здраствениот систем. Македонија да не увезува пола милијарда евра храна годишно, ќе остане без храна. Македонија има нула раст на БДП. Како резултат на погорните (и многу други неспомнати) причини, Македонија има превисока задолженост, која на среден рок е неодржлива. Македонија немаше визија, концепт и стратегија последните три декади. Затоа веројатно никогаш нема да ја достигне Словенија. Мојата омилена и повеќе пати споменувана квотка, ако не произведувате и извезувате, прашање е дали ќе преживеете, никогаш во овие три декади од самостојноста тоа не било приоритет на државата.

Македонија има искривоколчен образовен систем, кој може да ја доведе до уникатна позиција во светот, да биде приморана да ги затвори студиите на одреден рок на општествените науки поради бескорисна хиперпродукција и огромна превработеност на таквата работна снага.

Ако се има предвид сето (најмалку) погоре, се поставува прашање кој е пристапот во креирањето на досадниот документ наречен буџет за 2018 година. Владата има потполно право и потполна обврска да ја искористи легитимната позиција. И тоа без страничните добро(зло) намерни мудреци. Ако се впушти во тоа,тогаш секој ќе има право да дели совети. Јас на пример, наместо „кратење на непродуктивните трошоци“ сигурно би ја внел расходната страна на буџетот во касапница и би ја соголил до најситната под-ставка.

Но истовремено би направил многу покомплексен даночен прозорец, каде веројатно би влегол и банкарскиот сектор, како еден од најголемите профитери од мега финансиската пирамида наречена „Скопје 2014“. Тие што работеле со мене и професионално ме познаваат знаат дека би го направил ова. И око нема да ми трепне. Сѐ во интересот на идно видливо плаво небо над оваа банкротирана мала држава. Но, владата има потполно право да го игнорира мојот совет, како и погорниве „мудри“ советници. Успехот и одговорноста за неуспехот на проекцијата е нејзин. Со право. 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ