• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0

Владата ќе именува околу 1.500 членови на управни и надзорни одбори во јавниот (читај буџетскиот) сектор. Што покажува калкулаторот? Месечниот трошок од буџетот за овој ангажман и тоа само како стартен трошок, ќе изнесува околу 380.000 евра. За присуство на состаноци.

Годишниот расход од буџетот би изнесувал во старт околу 4,5 милиони евра само за присуство на состаноци. Кога држава би била водена од професионалци, тие нема да застанат на оваа пресметка и ќе продолжат да проицираат и пресметуваат до вкупно реалниот трошок. Па така ќе пресметаат трошок по единица член. Ќе додаваат трошоци по единица член за Бонев модел на патни и дневни трошоци, потрошена струја, вода, греење и останати канцелариски трошоци, ручеци и вечери, евентуални бонуси, семинари… Така што, реално ќе дојдат до правиот трошок кој сигурно нема да биде под 5 милиони евра. Оваа фактура треба да ја одобри министерот за финансии и да ја плати од буџетската сметка.

Да не бидам погрешно разбран. Не се работи кој бил и кој е сега на власт. Се работи за пари од буџетот. Ова би било нормално со две претпоставки. Прво, да се работи за држава со стабилна и добро проицирана финансиска состојба, а не за технички банкротирана држава. И втората претпоставка е да се работи за професионалци како членови на овие одбори кои можеби со своето делување ќе направат поврат барем на дел од инвестицијата/трошокот. Претежно се работи за политички професионалци. Замислете ако ги додадете и сите платени од буџетот разно-разни комисии, бироа, агенции... и нивни додатни трошоци?

„Macedonia has conflict of interests per square meter, biger than the teritory of the Country“

Оваа моја омилена квотка во слободен превод на македонски би значела: Македонија има поголеми партиско- племенски и дигестивни врски на тие што одлучуваат, од нејзината територија. Можеби затоа последниве три декади имаме политичка економија, наместо пазарна економија.

Со севкупното нечинење последниве три декади, буџетот е претворен во своевидна финансиска пирамида. Буџетот е зависен да ги направи овие трошоци погоре, за да формира приходи. Затоа овие 200 илјади буџетски службеници се итекако потребни за буџетот. Ако тие не генерираат трошок, буџетот нема да има значаен дел од приходи и тоа по разни основи. Трошокот на буџетот генерира придонеси од плати, персонален данок, ДДВ и други приходи. Тоа е затворен пирамидален круг. Финансиска Пирамида. Типично за Балканот и земјите слични на Молдавија.

Верувам дека еден ден некој ќе направи сегментарна анализа на структурата на приходите и колку од вкупните приходи се генерирани од ова пирамидално работење. Исто како и сметката на извозот. Сегментарна анализа колку е нето сметката од Зоната, а колку е од Македонија. Сега Заводот за статистика веќе не е заробен и може многу лесно да ја направи оваа анализа.Тоа би бил добар почеток за демистификација на сеприсутното дебатно мислење за директните странски инвестиции и мешањето баби и жаби. Жабата е во Зоната, а бабата во Македонија. Нејсе, тоа е друга тема.

Да се вратиме на ова погоре. Буџетот е најсилуваниот сегмент од нашата држава. Затоа е неопходно да се однесе во касапница. Инаку, ќе треба да ја затвориме касапницата во скоро време. Без тоа нема реформи и пари за развој. Замислете овие погоре 5 милиони евра (да се само 5) ги поделите како иницијален грант за нови стартап бизниси за млади луѓе? Јас би го направил тоа и око нема да ми трепне. Но претходно, во касапница треба да се однесе Законот за трговски друштва.

Македонија има даночни обврзници кои се претежно микро и мали фирми. И триесетина Key Accounts фирми. Истовремено има Company Law кој уште во првата верзија еминентни професори се заборавија од мастурбирање и направија закон, кој небаре ќе се применува во Германија, Велика Британија… Тоа се вели: многу музика ама затоа и многу хонорари.

Без касапницата нема реформи. Може да направите window dressed реформи со траeње на еден мандат и потоа сѐ од почеток. Како во Молдавија.  

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

Чувство за навредување

Како тој убав манир престана да важи кога се во прашање Македонците? Дали некој помислува на нашите национални чувства и имаме ли ние право на нив?

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

НАЈЧИТАНИ