• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83

Соопштение на министерството за отчет и транспарентност

Владата на Република Македонија на својата седница, ги донесе следните ургентни Одлуки за справувањето со алармантната загаденост на воздухот во Македонија. Одлуките стапуваат со важност од 1 ноември 2017 година.

1.Од 1 ноември 2017 се воведува еко такса изразена преку данокот на промет на ново изградените приватни и јавни станбени и деловни објекти. Стапката на еко таксата, како составен дел од данокот на промет ќе биде еднаква на висината на комуналната такса при издавањето на решението за градба. Пример: ако комуналната такса со решението за градба изнесува еквивалент на 150 евра по м2 во општина Центар еко таксата ќе изнесува исто толкав износ по м2, како дел од данокот за промет на недвижности. Еко таксата се воведува за градбите поголеми во висина од 11.2 метри, односно П+3 ката и се однесува за катови над оваа висина на градбата. Оваа измена се применува на сите изградени, а непродадени недвижности, како и тие кои се во тек на градба. Оваа одлука се однесува за Скопје, Битола, Тетово, Охрид и Куманово. По потреба, листата на градовите може да се прошири во првата половина од 2018. година. Еко таксата( читај данок на промет) до височина 11.2м (П+3 ката) на ново изградените и непродадени недвижности, стапката на данокот ќе изнесува 0%. Освен во случаевите кога недвижноста се продава без обезбедено гаражно место, стапката ќе изнеува 15 отсто. Во зависност од катноста, еко таксата ќе се движи во пропорција на мултипликативност од комуналната такса. На пример, Општина Центар, Водно или Карпош мултипликативноста е неограничена,кат по кат. Исто така, Владата во својот мрежен прозорец на оданочување донесе одлука за покачувањето на стапката на данокот на имот за 100 проценти за катноста над 11.2 метри. Во случаевите каде градбата има изграден подземен паркинг простор или паркинг простор воопшто, а купувачите не сакаат да купат таков простор, износот на данокот на имот на недвижноста се зголемува за еквивалент од 100 евра годишно заради некупен обезбеден паркинг простор. Еко таксата како составен дел на данокот на промет на недвижноста ќе се плаќа при продажба на недвижноста.

2. Владата донесе одлука за формирање на градежна полиција при министерството за транспорт со екслузивни овластувања на целата територија на државата,таканаречени градежни алфи. Екслузивните овластувања ќе бидат подетално обработени со подзаконски акти.

Образложение: заради ургентноста со загадувањето на овие градови, Владата мораше да ги примени овие непопуларни мерки и измени. Во услови кога Парламентот е блокиран од опозицијата во целост и за најмала постапка или измена, Владата со одлуки изврши измени кои се исклучиво во нејзина надлежност и не бараат одобрение од Парламентот. Втората главна причина е процесот на измена на ДУП-овите кој процес бара комплициран долг период на измени. Ургентноста со проблемот на загадувањето не дозволува одложување на решавањето на овој проблем,заедно со пакет други мерки и одлуки наВвладата. Владата е свесна дека разно разни Азгановци, Азгановиќи о останати радовишки златари, располагаат со сета легална документација за градба на облакодери на секое слободно ќоше според донесените ДУП-ови. Но исто така, Владата е свесна дека кај овие групировки не постои елементарен кодекс на етика, кодекс на однесување и елементарна етичка одговорност за моментот во кој се наоѓа државата со постојаното труење на граѓаните. Затоа Владата мораше да ги превземе овие мерки,колку и да се непопуларни.

3. Владата донесе одлука за укинување на компензациониот начин на плаќање во градежништвото од 1 јануари 2018 година. Поточно изразено се укинува компензацијата како начин на плаќање.

Образложение: Владата оцени дека овој начин на плаќање го поспешува агресивното градење на висококатници одобрени со ДУП-овите и тоа со забрзано темпо, пред било која мачна и долготрајна промена на истите. Исто така, Владата смета дека компензацијата, која како форма на бартер аранжман типичен за Балканот, е значаен извор на злоупотреби во даночната свера, перењето пари и останати нелегални активности.

4. Владата донесе одлука за изедначување на цената на бензините од 1 ноември 2017 година.

Образложение: Владата смета дека покрај агресивната градежна активност, исто толкав проблем со загадувањето во овие градови се и автомобилската фреквенција. Владата со друг пакет на одлуки одлучно ќе ја дестимулира фрекфенцијата на возилата кои како погонско гориво користат нафта. Сето ова е согласно европските стандарди и трендови.

4. Владата донесе одлука за забран увоз на половни возила без разлика на годините на старост од 1 ноември 2017 година. Владата со друг пакет на одлуки ќе ја субвенционира продажбата на нови возила до 1400 цм3 и тоа исклучиво возила со бензински мотори.

5 Владата донесе одлука за субвенционирање на атестираните грејни тела кои користат огревно и останати цврсти горива за приградските населби кои многу придонесуваат во моментов за труењето на градските језгра.

ЗАКЛУЧОК

Се шалам. Владата не донела се уште никакви одлуки во врска со секојдневното труење во државата. А мора да донесе еден ден. Веројатно некаде во ноември кога започнува главната сезона на труење на децатата. Шарена лага е дека постојат други мерки од погоре спомнатите. Дали Владата ќе ги донесе? Не верувам дека постои политичка влада која ќе се дрзне и ќе донесе вакви мерки против овие групировки кои истовремено се Нивни, Ваши и Наши. Да ве потсетам на една моја омилена квотка:
„Macedonia has conflict of interests per square meter, biger than the teritory of the Country“ или во превод на македонски: „По квадретн метар, Македонија има поголеми партиско- племенски и дигестивни врски,од самата држава”.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ