• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2

Може ли некој да се сети кога времињата не биле лоши, а парите - скудни? Со оваа реторичка мисла на познатиот американски есеист Ралф Валдо Емерсон, во јуни 2004 година почнува една моја колумна посветена на беспарицата, на кризата, на агонијата, на тезите дека Македонија пати од недостиг од капитал од странство, бидејќи локалната економија не акумулира. Иако не сум економист, можеби пресмело, тогаш таа теза ја оценив како „фатално стерилна“. Еве неколку фрагменти од таа колумна:

„Малку логика. Веруваме дека од некоја мистична причина - историска омраза, планетарен заговор, што ли - странците, кои најмалку половина век функционираат по волтеровската максима ‘кога парите се во прашање, сите сме од иста религија’, едноставно не сакаат да знаат дека на мапата на Европа постои една мала нација што чека да се ‘прекрсти’ и да почне економски да се развива. Чудно.
И малку искреност, молам. Сме се запрашале ли некогаш дали сме луѓе на кои вреди човек да им позајми пари? Позајмуваме сто и ја пружаме раката небаре сме просјаци, а не луѓе решени да направиме сто и едно, едно за себе. Сме се запрашале ли искрено дали сме навистина способни да вратиме, да ‘акумулираме’, да бидеме успешни?

Во оваа земја има малку успешни луѓе. Не се тоа среќниците чија судбина најсликовито ја раскажува народната ‘на ќораво пиле Господ гнездо му прави’. Не се тоа ни нашите Робинхудовци. Зборувам за навистина успешни луѓе. Познавам неколкумина. Знаете ли што им е заедничко? Сите се ведри и духовити. Победници среде криза. Не чекаат странски кредити. Имаат идеи што раѓаат пари. Нивната филозофија е едноставна: не агонизирај, организирај!

Пари - има. Свежи, домашни евра. Македонците ги вложуваат во тули (недвижности) и во автомобили. Нема проекти, идеи, визии, дух. Нема амбиент за бизнис. Сите чекаме или да ни се урне плафонот над главите или некој да ни инјектира капитал директно во нашите паричници, додека уживаме во пладневната сиеста, во агоничната поза на жртви, што е само беден изговор за нашата мрзеливост на духот“.

Ете, така ја доживував Македонија пред 12 години. И пред тоа, а богами и потоа. Сега, новата влада на Заев навестува коперникански пресврт. Ајде да видиме дали ќе биде така. И не само да видиме – туку и да се потрудиме и ние малку. Да не бидеме само мрзеливи позери. 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Груевски до Шиптарите: не излегувајте на гласање!

На локалните избори на потез ќе бидат албанските гласачи. За каква (локална) Македонија тие ќе одлучат да гласаат или, воопшто, да не гласаат.

Класа

Тажно и жално, но и невкусно и дегутантно кој сè им предава на нашите деца, синови и ќерки. Лица кои немаат ни име ни презиме, односно ни знаење, ни искуство, па ни неопходни титули и оформено образование.

Груеску-тортурите

Најмалу што ќе ви каже таа споредба е: десетте години од Груеску-тортурите се, во некоја рака, посилни од два века средовековни кои ги опишува Аранг.

Скопјесеритис

И сериозно, скопјесеритисот – не знам дали треба голема или мала буква? – како наша актуелна епидемија поприма неверојатни размери: секоја будала денес има што да каже, и општо и конкретно, да сугерира, па и да кара за неажурност.

Дисконтинуитет

Пред да ги упатиме стрелите кон новата Влада сепак треба да бидеме свесни за сизифовската задача што претстои пред неа во наредниот нималку лесен период.

Години на бербатење

Томе и неговата банда ги извршија сите нарачки од автократот Груевски, избербатија и живи и мртви, патем си ги лечеа комплексите на пониска вредност, сеиреа над несреќата на луѓе на кои не им се ни до колена, унесреќија цели семејства.

Брате Трамп, сега може да се сликаме!

Во споредба со баграта од „Манда“, каде што банка држат типчиња со сомнително минато и уште посомнителна иднина, опкружени со полициски жбирови и разни џаболебари, комесарите од Аминта Трети навистина се академици. МАНУ и САНУ заедно. Џабе.

Фротажисти во јавниот сектор

Низ низа кадровски и други решенија, власта и Владата вршат одредена компромитација на оваа последна шанса што историјата ѝ ја дава на Македонија.

Достоинствениот гест на еден ур-новинар

Героски разбира дека свесно партиципирање во новинарството значи да не се практицира во гадната мешавина oд конформизам и идиотизам во „античка“ смисла.

Изборите како театар

А, кога се во прашање изборите, театарот се случува речиси секојдневно, па се менува само сцената, но не и мизансценот.

НАЈЧИТАНИ