• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83

Ме вџаши апелот на министерот на финансии Драган Тевдовски до медиумите - ако не биле стручни, да не манипулирале на темата „акцизи за дизелот“. Ме разочара, зашто од еден млад министер на демократска влада, избрана по една долготрајна децениска борба на голема група слободоумни луѓе, очекував нешто сосема спротивно од овој отворен повик на самоцензура.

Очекував, на пример, апел до сите медиуми и до сите засегнати граѓани, кои сакаат да придонесат за подобар живот, а со тоа и за поквалитетно полнење на буџетот и поефикасна и поправедна распределба на народните пари, да се вклучат во дебатата за сите прашања покренати деновиве, вклучувајќи го и толку „стручното“ прашање за акцизата на дизелот.

Очекував Тевдовски да го повтори апелот на Заев за критика, надевајќи се дека младиот експерт, кој доби доверба да го води ресорот финансии, можеби е свесен на она што укажува колегата Борјан Јовановски во еден свој пост, имено дека „најголемата опасност за перспективните на комуникациската култура доаѓаат од апологетите“. Човек не мора да биде стручњак за комуникациска култура за тоа да го почувствува – едноставно, треба да е демократ.

Очекував нешто такво, велам, меѓу другото и зашто пред некој ден на оваа тема, на телевизија Телма, говореше и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, која ја потврди определбата на нејзината партија, сега и од позиција на власт, да се соочи со критиките и да дебатира, а не да замолчува.

Од каде сега оваа нервоза кај младиот Тевдовски, ова со ништо непоткрепено тврдење дека некои медиуми „манипулирале“ затоа што биле „нестручни“? И чуму вакви цензорски генерализации? Ако има медиуми кои манипулираат, Тевдовски треба да се охрабри, да ги именува и со нив да полемизира. Вака, работата излегува дека сите треба да се чувствуваме „нестручни“ и затоа секоја расправа и критика да се смета за „манипулирање“.

Точно е дека новинарите не се економисти, но има сериозни и посветени колеги, кои долго време известуваат за економијата, бизнисот и за финансиите. Тие интервјуираат официјални лица и експерти, анализираат различни мислења, истражуваат, читаат, се едуцираат. И навистина е грдо кога некој ги повикува да молчат, оценувајќи дека биле „нестручни“.

Сакам да верувам дека во случајов младиот Тевдовски имал лош ден и само лошо се изразил. Не е страшно, на сите понекогаш ни се случува тоа. Како и да е, министерот треба да знае дека јас лично, како и колегите од медиумите со кои раководам, „Слободен печат“ и Плусинфо, го отфрламе неговиот апел. Како непристоен. 

 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ